КОНФЕРЕНЦИИ

Објавени во списанија

Учество на конференции

29.04.2026

Гостинско предавање и работилница — Пловдивски универзитет

На ден 29 април (среда), 2026 година професорката Елена Кискинова од Катедрата за странски јазици при Универзитетот во Пловдив одржа гостинско предавање и работилница на Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Престојот на професорката беше преку Еразмус+ програмата за академска размена, а темата на предавањето беше "Sprache als Spiegel des Denkens" („Јазикот како огледало на мислата“). Предавањето и работилницата поттикнаа голем интерес кај студентите и интересна дискусија за јазикот и за јазичните феномени, при што беа разменети различни мислења и ставови. На крајот на средбата се иницираше дискусија, во која студентите активно учествуваа, отворајќи нови прашања и перспективи. Настанот помина во научна, академска, но и пријателска атмосфера и дружење со нашите студенти. Престојот на колешката беше искористен и за претставување на проектот за интеркултурна прагматика на Филолошкиот факултет и за можна соработка со гостинскиот Универзитет, како и проширување на тековниот проект во меѓународни рамки. На состанокот одржан со менаџерскиот тим на Факултетот се разговараше, меѓу другото, и за посета на нашиот Факултет на Пловдискиот Универзитет во рамките на нашиот проект, со цел афирмација и промоција на проектот.

Пловдив 1
Пловдив 2
Пловдив 3
Пловдив 4

16–19.04.2026

Научна средба и работна посета — Универзитет „Лудвиг Максимилијан“, Минхен, СР Германија

Во периодот од 16-19 април, 2026 година претставници од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, учествуваа на научна средба и работна посета на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен-СР Германија, со цел изведување на активностите и резултатите од проектот „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата - од научни концепти до практична реализација.“ На работниот состанок беше претставен Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип како носител на проектот и Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово како партнер институција во проектот. Се претстави основната рамка на истражување, како и методите и начинот на собирање и обработка на анализираниот материјал во проектот. На научната средба присуствуваа претставници од двата Универзитети и членовите од работните групи (англиски и германски јазик) и претставниците од двете Катедри го објаснија своето учество и активностите во проектот. Се иницираше заедничка соработка за младите колеги (магистранти/докторанти) за научно-истражувачки престој на Минхенскиот Универзитет, можностите за развој на Еразмус+ програмата за академска размена, како и се претстави поканата од Минхенскиот Универзитет за учество во нивни проект на тема усвојување на странски јазик.

Посетата помина во позитивна и пријателска атмосфера и е можност за афирмација на проектот, на Филолошкиот факултет и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Европски рамки и пошироко.

  • 📑
    Програм на научниот собир/академска посета на ЛМУ, Минхен .docx
    Преземи
Минхен 1
Минхен 2
Минхен 3
Минхен 4
Минхен 5
Минхен 6
Минхен 7

08–11.04.2026

Учество на работилница во Тирана, Р. Албанија

Во периодот од 8-11 април, 2026 година, проф. д-р Билјана Ивановска (УГД, Штип), проф. д-р Брикена Џафери (УЈИЕ, Тетово) и проф. д-р Гзим Џафери (УЈИЕ, Тетово) учествуваа на работилницата насловена како „Learning & Teaching of Phraseme Constructions: From Theory to Practice“, во рамките на кост-акцијата од проектот „A Multilingual Repository of Phraseme Constructions in Central and Eastern European Languages (PhraConRep).“ Работилницата се одржа на Универзитетот во Тирана и престојот беше искористен за интересна дискусија и продлабочување на контактите со колегите од околните земји и регионот, пошироко.

Тирана 1
Тирана 2
Тирана 3
Тирана 4
Тирана 5
Тирана 6
Тирана 7
Тирана 8
Тирана 9
Тирана 10

11–12.03.2026

Работилници за интеркултурна прагматика — Штип и Скопје

На 11 и 12 март беа одржани презентации во форма на работилници од страна на проф. д-р Натка Јанкова Алаѓозовска и доц. д-р Симона Серафимовска од Филолошкиот факултет при УГД.

Настанот се одвиваше на две локации: Кампус 4 во Штип со студентите од прва и втора година, и Кампусот на Универзитет на Југоисточна Европа во Скопје.

Студентите се запознаа со интеркултурната прагматика на интерактивен начин преку активности и дискусии. Беа разгледани клучни концепти: стереотипи, етноцентризам и културни модели, со нагласка дека познавањето на овие термини води до поефикасна комуникација и мир во светот.

Работилници 1
Работилници 2
Работилници 3
Работилници 4
Работилници 5

04.03.2026

Презентација во СОУ „Коста Сушинов" — Радовиш

На ден 04.03.2026 година, во СОУ „Коста Сушинов" во Радовиш, колешката Верче Чапова одржа презентација за студиските програми на Филолошкиот факултет, со цел привлекување поголем број студенти на понудените студиски насоки.

Презентацијата побуди интерес кај средношколците и придонесе кон нивно запознавање со можностите за понатамошно образование.

Презентацијата беше искористена и како можност за претставување и актуелизирање на проектот кој го води Филолошкиот факултет, а е финансиран од МОН: „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата – од научни концепти до практична реализација".

Радовиш 1
Радовиш 2

03.03.2026

Презентација во СОУ „Јосиф Јосифовски" — Гевгелија

На ден 03.03.2026 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски" во Гевгелија, колешката Ивана Кркотиќ-Прошевска одржа презентација со средношколците од IV година, при што беа презентирани можностите што ги нуди Филолошкиот факултет и Катедрата за германски јазик и книжевност за идните студенти.

Ова обраќање до средношколците побуди интерес за студиските програми на Филолошкиот факултет и претставува мотив учениците да ја препознаат својата иднина во понудените студиски програми на Филолошкиот факултет.

Презентацијата беше искористена и како можност за претставување и актуелизирање на проектот кој го води Филолошкиот факултет, а е финансиран од МОН: „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата – од научни концепти до практична реализација".

Гевгелија 1
Гевгелија 2

26–27.02.2026

Меѓународна конференција „Повеќејазичноста и рефлексивното размислување" — Инсбрук, Австрија

Во периодот од 26 до 27 февруари, 2026 година, проф. д-р Брикена Џафери и проф. д-р Гзим Џафери (УЈИЕ) учествуваа на Меѓународната конференција „Повеќејазичноста и рефлексивното размислување", што се одржа на Универзитетот во Инсбрук, Р. Австрија.

На Конференцијата тие презентираа труд од истражувањата спроведени во рамките на проектот за интеркултурна прагматика, што се изведува на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Темата на трудот беше: „Прагматичката свесност како катализатор за повеќејазичноста, рефлексивна компетентност и интеркултурен развој во наставата по јазици" („Pragmatic Awareness as a Catalyst for Multilingualism, Reflective Competence, and Intercultural Growth in Language Education").

Повеќе детали околу конференцијата можат да се најдат на следниот линк.

Инсбрук 1
Инсбрук 2

20–22.02.2026

6. Меѓународна конференција за тековни научни истражувања — Абант–Болу, Турција (онлајн)

Учество на 6. Меѓународна конференција за тековни научни истражувања (онлајн), одржана во периодот 20–22 февруари 2026 година во Абант – Болу, Турција, во рамки на проектот. На конференцијата беа презентирани резултатите од научниот труд „The Pragmatic Use of Hyperbole in Student Communication: A Study among Students at Goce Delcev University", изработен од професорките Сашка Јовановска, Брикена Џафери, Билјана Ивановска и Ана Коцева, објавен во зборник на трудови (Proceedings Book) на Academy Global Conferences & Journals (2026, 6(1), стр. 163–169, ISBN: 978-625-5694-86-7). Презентацијата беше фокусирана на прагматичките функции на хиперболата во студентската комуникација и нејзината улога во современиот младински дискурс.

Абант–Болу, конференција 2026
Абант–Болу, конференција 2026

21–23.01.2026

Меѓународна конференција UPCEL — Мадрид, Шпанија

Во рамките на проектот, професорките Сашка Јовановска и Ана Коцева од катедра за англиски јазик ги презентираа резултатите од трудот „Прагматичните функции на 'Sorry': лингвистичка анализа на онлајн комуникација на англиски и македонски јазик" на Меѓународната конференција по англиска лингвистика (UPCEL).

Конференцијата се одржа во периодот од 21 до 23 јануари 2026 година на Факултетот за Филологија при Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, Шпанија.

Мадрид 1
Мадрид 2

12–14.12.2025

51. Меѓународна конференција — Банско, Бугарија

Во периодот од 12–14 декември 2025 година, проф. д-р Билјана Ивановска учествуваше на 51. Меѓународна конференција во Банско, Р. Бугарија. Беше презентиран трудот „Pragmatic-Discursive Competence in Foreign Language Teaching", кој предизвика интерес и конструктивна дискусија.

Во трудот се презентираа активностите и дел од резултатите од проектот. Конференцијата беше искористена за афирмација на проектот и продлабочување на контактите со колегите од регионот и пошироко.

Банско 1
Банско 2
Банско 3
Банско 4
Банско 5
Банско 6
Банско 7

05–08.12.2025

49. Австриски лингвистички денови — Клагенфурт, Австрија

„Науката и нејзината настава се загарантирано право" стои во Уставот на Р. Австрија и е мотото на Алпен-Адриа Универзитетот во Клагенфурт — водечка мисла истакната на самиот влез на Универзитетот.

Во периодот од 05–08 декември 2025 година, проф. д-р Билјана Ивановска учествуваше на меѓународната конференција „49. австриски лингвистички денови".

Беше презентиран труд под наслов: „Interkulturelle Pragmatik und Höflichkeit in der akademischen Kommunikation: Eine Fallstudie zur Interaktion von Studierenden im mehrsprachigen Hochschulkontext".

Учеството беше искористено за продлабочување на контактите со експертите од германскоговорните подрачја и со колегите од регионот.

Клагенфурт 1
Клагенфурт 2
Клагенфурт 3

28–30.11.2025

Стручен собир на учесниците од проектот — Охрид

Во периодот од 28–30 ноември 2025 година во Охрид се одржа стручен собир (работна средба) на учесниците од проектот.

На собирот се презентираа досегашните активности од повеќето работни групи (странски јазици: англиски и германски јазик) од претставниците од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и од Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип.

Беа разменети искуства и идеи за иден развој на проектот и текот и планот на проектните активности во иднина.

Охрид 1
Охрид 2
Охрид 3

21.11.2025

Гостинско предавање: 150 години од раѓањето на Рајнер Марија Рилке — Штип

На ден 21.11.2025 година, а по повод 150 години од раѓањето на австрискиот поет Рајнер Марија Рилке и во рамките на проектот, професорките Зорица Николовска и Маријана Ѓорѓиева од Филолошкиот факултет „Блаже Конески" при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" од Скопје одржаа гостинско предавање на Катедрата по германски јазик и книжевност.

Темата на предавањето беше: „150-годишнината од раѓањето на Рајнер Марија Рилке: Прагматиката и поетската комуникација во песната на Рилке Есенски ден."

Предавањето побуди голем интерес и инспиративна дискусија кај студентите и присутните.

Штип Рилке 1
Штип Рилке 2

06–09.11.2025

16. SOEGV Конференција — Будва, Црна Гора

Во периодот од 06–09.11.2025 проф. д-р Билјана Ивановска учествуваше на 16. Конференција на Здружението на германисти од југоисточна Европа („Werte, Wandel im Kontext von Sprache Literatur und Didaktik") во Будва, Црна Гора.

Беше презентиран труд со наслов: „Höflichkeit, Respekt und sprachliche Normen: Eine Analyse der Interimsprache Germanistikstudierender in Nordmazedonien" — Феноменот на учтивост, почит и јазични норми: анализа на меѓујазикот на студентите по германистика во Северна Македонија.

Конференцијата беше искористена за афирмација на проектот и продлабочување на контактите со колегите од регионот и пошироко.

Будва 1
Будва 2
Будва 3
Будва 4
Будва 5
Будва 6

28.10.2025

Интерактивна работилница: „Развивање на јазичните компетенции во прагматиката"

На 28 октомври 2025 година, студентите од прв циклус на студии на студиската програма Англиски јазик и книжевност активно учествуваа во интерактивна работилница на тема „Развивање на јазичните компетенции во прагматиката".

Настанот беше организиран и спроведен од доц. д-р Сашка Јовановска и доц. д-р Ана Коцева, во рамки на научно-истражувачкиот проект.

Работилницата беше осмислена со високо ниво на интеракција и практична ангажираност. Студентите дискутираа, решаваа комуникативни ситуации и применуваа прагматички стратегии во реални контексти. Активното учество придонесе за продлабочување на разбирањето на контекстуалните аспекти на значењето и за развивање на критичка свест за улогата на културните и социјалните фактори во комуникацијата.

Работилница EN 1
Работилница EN 2
Работилница EN 3

24.10.2025

Работилница: „Феноменот на учтивост и прагматиката" — Штип

На ден 24 октомври 2025 година, Катедрата за германски јазик и книжевност организираше работилница под наслов „Феноменот на учтивост и прагматиката". На работилницата присуствуваа студенти од Германистика од прв и втор циклус на студии.

Се разгледаа и објаснија интересни концепти од областа на интеркултурната прагматика, како и современите методи и пристапи во анализа на одредени прагматички феномени.

Работилницата ја водеа проф. д-р Билјана Ивановска (УГД-Штип) и проф. д-р Гзим Џафери (УЈИЕ-Тетово). Предизвика голем интерес и интересна дискусија кај учесниците.

Работилница Штип 1
Работилница Штип 2
Работилница Штип 3
Работилница Штип 4
Работилница Штип 5

Октомври 2025

7. Меѓународен симпозиум — Зарбрикен, Германија

Проф. д-р Билјана Ивановска од Катедрата по германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип учествуваше на 7. Меѓународен симпозиум: „Deutsch lehren und lernen international – dynamische Perspektiven & aktuelle Entwicklungen".

Таму презентираше труд со наслов: „Lernmotivation im fremdsprachlichen Kontext: Beweggründe Studierender in Nordmazedonien für die Erlernung der deutschen Sprache" — Мотивација за изучување странски јазик: Фактори за изучување на германскиот јазик кај студентите во Северна Македонија.

На симпозиумот имаше претставници и експерти од САД, Белгија, Мадагаскар, Турција, Јужна Кореја, Јордан и Индија. Посетата беше искористена за продлабочување и проширување на контактите со колегите од целиот свет.

Зарбрикен 1
Зарбрикен 2
Зарбрикен 3
🤖
Асистент Лена

👋 Здраво! Јас сум Лена — слободно прашај за проектот!

Можеш да прашаш за тимот, истражувањето, конференциите, материјалите или контакт информации.