Истражувачки проект

Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика

од научни концепти до практична примена

Дознај повеќе
Проект фотографија

ОПИС НА ПРОЕКТОТ


Нов истражувачки проект на Филолошкиот факултет при УГД
Факултетот започнува со реализација на проектот „Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата – од научни концепти до практична реализација".

🎓 Целта е да се истражат современите методи во интеркултурната прагматика и нивната практична примена во наставата по странски јазици – со особен фокус на англискиот и германскиот, во споредба со македонскиот јазик и албанскиот јазик и културниот контекст.

📅 Истражувањето ќе трае од 2025 до 2026 година и е финансирано од Министерството за образование и наука. Проектен партнер е Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

👩‍🏫 Раководител на проектот е проф. д-р Билјана Ивановска, а во активностите учествуваат професори од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип и од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, како и студенти од повеќе студиски програми (англиски, германски, француски, италијански, македонски и албански јазик) од двата Универзитета.

🔗 Проектот е отворен за соработка и размена на идеи со научната заедница и бизнис секторот.

Преземи документ

ПРЕГЛЕД И АНАЛИТИЧКА РЕФЛЕКСИЈА


  • Предмет на ова истражување е интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата по странски јазици (германски и англиски), со фокус на изучувањето на германскиот и англискиот јазик како странски јазици, но и нивна споредба со изворните говорители на германскиот/англискиот јазик, како и анализа и споредба на прагматичките вештини со македонските и албанските изворни говорители. При собирање на јазичниот материјал ќе бидат вклучени македонски и албански изучувачи на англискиот и на германскиот како странски јазици, во прв ред студенти од Катедрите по англиски јазик и книжевност и германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но и студенти од Факултетот за јазици, култури и комуникации при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во анализите се планира вклучување и на изворни говорители на англискиот и германскиот јазик, со цел споредба на јазичниот материјал. Поседувањето прагматичка компетенција подразбира способност на соговорникот да навлезе под површината на структурно-идентичното значење на кажаното или напишаното, со цел да ја разбере вистинската комуникативна намера на говорителот. Разбирањето на прагматичкото значење често претставува предизвик за изучувачите на странски јазик, бидејќи тоа не е секогаш експлицитно изразено, а тие обично не располагаат со доволно прагматичко знаење за правилно толкување на комуникативното однесување на своите соговорници. Во отсуство на соодветни прагматички ресурси, изучувачите неретко се потпираат на модели од мајчиниот јазик, но ваквиот трансфер не секогаш функционира успешно поради културолошки и јазични разлики во прагматичките норми.
  • Фокус: Фокусот на истражувањето е насочен кон анализата на прагматичката компетенција, развојот на интеркултурните комуникациски стратегии, како и споредбата помеѓу изучувачите на странски јазици и изворните говорители. Посебно внимание се посветува на разликите помеѓу македонските и албанските говорители во однос на нивните прагматички вештини и начини на интерпретација на комуникативното значење..
  • Применети рамки: Истражувањата се засноваат врз анализа на прагматичката компетенција, развојот на интеркултурните комуникациски стратегии, како и ефикасноста на експлицитните инструкции за развој на прагматичките вештини. Овие рамки овозможуваат систематско испитување на тоа како изучувачите ги развиваат своите прагматички способности и како наставните пристапи влијаат врз нивното подобрување.
  • Интеркултурна прагматичка компетенција и примена во наставата.
  • Анализа на говорни чинови, стратегии на учтивост, културно специфични обрасци.
  • Споредбена анализа меѓу изучувачи и изворни говорители.
  • Интеграција на современи теории и пристапи во наставата.
  • Идентификација на културно специфични стратегии на комуникација.
  • Контрастивна анализа на меѓујазик и изворен говор.
  • Предлог на наставни модели за подобра интеркултурна комуникација.
  • Влијание на контекстот врз употребата на јазикот.
  • Развој на прагматичка компетенција кај изучувачи.
  • Ефикасни стратегии и методи за наставата.
  • Разлики во интерпретацијата на говорните чинови.
  • Експлицитните инструкции придонесуваат за развој на прагматичка свесност.
  • Изложеност на автентични ситуации → поголема флексибилност.
  • Културните модели влијаат врз интерпретацијата на учтивоста.
  • Развивање на теоретска основа и истражувачки алатки.
  • Анализа на наставни материјали и дискурси.
  • Идентификација на разлики во продукција и перцепција.
  • Резултати: монографија, трудови, научни настани.
  • Месеци 1–6: Преглед и инструменти.
  • Месеци 7–12: Креирање модули.
  • Месеци 13–18: Анализа и тестирање.
  • Месеци 19–24: Издавање книга и организирање настани.
Преземи документ
  • Тестови за прагматичка компетенција.
  • Корпус на меѓујазик.
  • Наставни модули за говорни чинови.
  • Веб страница со материјали и резултати.
  • Контрастивни студии.
  • Алатки за мерење на компетенција.
  • Корпус од меѓујазик.
  • Наставни модули.
  • Веб страница.
  • Публикација и научни настани.
  • Корисно за наставници, истражувачи, студенти.

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ


Специфичните цели на проектот се:

  1. Систематизирање на современите теоретски пристапи во интеркултурната прагматика и нивна критичка евалуација.
  2. Анализа на говорните чинови (молби, извинувања, поплаки, пофалби) во македонски и германски јазичен контекст.
  3. Истражување на прагматичкиот трансфер кај говорители на македонски јазик и албански јазик при учење германски јазик.
  4. Развивање на педагошки материјали за наставата по интеркултурна прагматика.
  5. Примена на наодите во практичниот контекст на меѓукултурна комуникација и образование.

ФИНАНСИРАЊЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ


Истражувањето ќе трае од 2025 до 2026 година и е финансирано од Министерството за образование и наука. Проектен партнер е Универзитетот на Југоисточна Европа.

🤖
Асистент Лена

👋 Здраво! Јас сум Лена — слободно прашај за проектот!

Можеш да прашаш за тимот, истражувањето, конференциите, материјалите или контакт информации.